Почетна Струмица Њуз

Ќе се менува идејното решение за спомен – обележјето на загинатите пилоти

На денешната 28 седница на Советот на општина Струмица беше донесена одлука за одредување на локацијата за поставување спомен обележјето на загинатите пилоти од хеликоптерската единица на МВР. Советниците донесоа одлука спомен обележјето да биде псотавено во близина на Дом на Армија, на парцела 429/1, но и дека ќе се бара ново идејно решение.

Претседателот на советот, Јосиф Христов истакна дека најверојатно ќе се менува идејното решение заради негативните реакции во јавноста.

Инаку спомен – обележјето се подига во чест на Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички кои ги загубија животите во хеликоптерската несреќа која што се случи во јули минатата година.

Првичното идејно решение е дело на академскиот сликар и вајар од Струмица, Митко Тошев и  како идејно решение беше понудено на распишаниот јавен конкурс за изработка на идеен проект.