Почетна Струмица Њуз

Екипата на Брза помош – Струмица изврши породување на машко бебе

Рано утринава, во два часот по полноќ, екипата на струмичката Брза помош на свет донесе машко бебе.

Во тешки услови на терен, каде речиси било невозможно да се крева носилката, тие сепак  успеале да ја породат родилката.

Бебето најверојатно, како што информираа од екипата, испратено е на клиниката во Скопје.

Ова не е прв случај на екипата на Брзата помош, 24 Струмица минатата година пишуваше и за уште еден случај на породување во амбулантното возило, кога на свет беше донесено здраво женско бебе.