Почетна Инфоград

Протест во 19 часот: „Струмица на улица!“

Денеска продолжуваат протестите во Струмица за оставка на претседателот Ѓорге Иванов,  против режимот на Груевски , против одлуката за аболиција и за откажување на изборите на 5 јуни.  Протестот ќе започне во 19.00 часот кај зградата на старата полиција, пишува во повикот објавен на Фејсбук.

„Ние, граѓанките и граѓаните кои во борбата за правда и демократија, здружени протестираме низ улиците на Македонија во име на слободата, правдата и еднаквоста, нагласуваме дека преговори во овие услови се неприфатливи.

Затоа, одлучно продолжуваме со протести и бараме:

– Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);

– Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;

– Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;

– Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;

– Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;

– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;

– Процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија;

– Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

До исполнување на барањата, нашата политичка борба останува на улиците. Се гледаме на протест денес во 19:00 часот пред Стара полиција (мал парк)! Нема правда, нема мир!“, стои во повикот за протест.