Почетна Струмица Њуз

Странски служби во Струмица (ФОТО)

Струмичани и денеска повторно излегоа на протест кој започна од  зборното место кај старата Полициска станица и малиот Градски парк. Во голем број се одржа мирниот протестен марш низ улиците на Струмица, во придружба на „ Странски служби“.

Граѓаните од Струмица и денеска го искажаа своето незадоволство од, како што велат, „криминалното владеење на Никола Груевски“, од срамната и неправедна одлука за аболиција на претседателот Ѓорге Иванов.

Протестот во Струмца се оддржува веќе трет ден, а организаторите најавија дека истите ќе продолжат  и понатаму, како што се и низ останатите градови низ државата и порачаа дека ќе истрајат до крај во битката за слободна и праведна Македонија.

Утрешниот протестен марш низ улиците на Струмица стартува во 19:00 часот на истото зборно место.