Почетна Струмица Њуз

Струмичани и денеска ќе протестираат

Под мотото „Слободни избори – криминалците во затвор!“, граѓаните на Струмица денеска повторно ќе излезат на протест за да побаараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов поради неговата одлука за помилување на политичарите, како и повлекување на одлуката за избори на 5 јуни и формирање на експертска влада која ќе организира фер и слободни избори.

„Бараме:

– Оставка на Претседателот на Републиката поради срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболицира криминалците;
– Отпочнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, кредибилни и демократски избори и која ќе го помогне, наместо да го саботира соочувањето со правдата на политичарите и властодршците за сторените кривични и криминални дела;
– Итно суспендирање на отпочнатиот процес на распишување на парламентарни избори“,стои во повикот за протест објавен на социјалните мрежи.

Протестот ќе започне во 18:00 часот пред зградата на старата полиција, кај малиот градски парк.

Освен во Струмица, протести денеска се закажани и во Скопје, Куманово, Штип, Битола, а во вторник и во Прилеп и Кочани.