Почетна Струмица Њуз

Земјоделците го блокираа магистралниот пат Струмица – Скопје

Струмичките земјоделци и денеска излегоа на протест. Со еден час блокада на магистралниот пат Струмица –Скопје, го искажаа револтот кон заменик министерот Костадиновски кој вчера беше овде а не се сретна со нив. Земјоделците од струмичко бараат цената на зелката да се покачи како и регулирање на увозот на раноградински производи, кои придонесуват цените во земјава да имаат пониска вредност.

До крајот на април пролетната зелка да се откупува по 20 денари за килограм. Исто така, пред почетокот на откупната сезона на другите раноградинарски производи, жално е краставицата да почне со цена од 25 денари за килограм. Затоа бараме откупот на краставицата да стартува од 35 денари. Потценувачки е лутата пиперка да се продава по два денари парче, кога пред две-три години чинеше 10-15 денари од парче“ – истакна Велков.

И денеска земјоделците потенцираа дека ќе преземаат уште порадикални мерки  доколку не се остварат нивните барања.