Почетна Инфоград

Честитка од градоначалникот Заев по повод Светскиот ден на театарот

Градоначалникот Зоран Заев упати честитка до татарските работници во општина Струмица.

„Почитувани театарски работници, денес имате убава причина да ја чествувате Божицата Талија.Денешниот Светски ден на театарот востановен пред 55 години, уште еднаш ви дава до знаење колку е значајна уметноста која е предмет на Вашиот професионален интерес и ангажман.Потврда за тоа значење ви даваат и рускиот режисер Анатолиј Василев во Светската порака по повод овој ден, како и нашиот режисер Бранко Ставрев во својата македонска порака.Бидете горди на Вашата професија и ширете ја вонвременската мисија на театарската уметност.

Нека ви е честит и вековит Светскиот ден на театарот”, пишува во честитката од градоначалникот Заев.