Почетна Македонија

Католиците денеска слават велигден

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија. На литургијата присуствуваа шефот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев, a претседателот Иванов упати честитки до оние кои го прославуваат празникот.

Велигден е најголмиот христиајнски празник со кој се прославува христовото враќање во живот-воскресението. Според христијанското верување тоа се случило на третиот ден после неговата смрт.

Оваа година Римокатолиците го одбележуваат Велигден на 27 ми март, а православните, кои верските празници ги одбележуваат по Јулијанскиот календар, на 1 ви мај.