Почетна Вести

Анџелина Џоли ги посети мигрантите во Грција (Фото)

Амбасадорката на добра волја на Обединетите нации, актерката Анџелина Џоли, вчера го посети грчкиот остров Лезбос, кој е прва станица на бегалците на европско тло.

Нејзиното пристигнување во Грција предизвика големо медиумско внимание, а во пристаништето Пиреја, каде еден дел е претворен во бегалски центар за околу 4.000 мигранти денес настана вистински хаос.

За денеска се прошири информација дека таа ќе ги посети бегалците на македонско-грчката граница, но од УНХЦР не ја потврдија ниту негираа оваа информација.