Почетна УраКултура

Доделени наградите за најдобрите карневалски маски (Фото)

Вечерва во НУЦК „Антон Панов“ беа доделени наградите за најдобрите карневалски маски. Наградените и вечерва беа маскирани со што ја продолжија традицијата на струмичкиот карневал кој завршува утре со одбележување на тримерските обичаи и настапот на ансабалот „Тримери“.

Наградените маски истакнаа дека се задоволни од своите креации и дека веќе размислуваат за нови идеи за следниот карневал.

„Нашата маска Мулен Руж го осветли плоштадот кој доби сјај и убавина. Маската беше работена повеќе време, а во нејзината изработка вклучивме повеќе млади луѓе со што покажуваме дека иднината на струмичкиот карневал е светла, вели Илија Николов.

Од карневалската група Мулен руж велат дека кога ним ќе им се допадне маската тогаш знаат дека е добра, а критериумите како што велат  ги поставиле  многу високо. Додаваат дека веќе имаат дв,е три идеи на маски за следниот карневал.

Од карневалската група Ефтимови изјавија дека нивната маска го претставува здивот на животот, односно борбата меѓу доброто и злото.

„Автор на маската е Тони Ефтимов, а ја работевме околу 30 дена. На струмичкиот карневал учествуваме 22 години и се надеваме дека карневалската група Ефтимови ќе прерасне во меѓународна со членови од повеќе држави“, рече Ристо Ефтимов.

Второ наградените од Димитар Влахов изјавија дека се радуваат што има и подобри бидејќи тоа им претставува поттик за уште подобра креација на следниот карневал. Маската ја работеле неколку месеци под под менторство на професорката Љупка Василев, изјавија од карневалската група Димитар Влахов.