Почетна Струмица Њуз

„Мулен руж“ ја освои првата награда на струмичкиот карневал

Наградените маски по категории:
Категорија А: групна маска со 50 и повеќе лица
1-ва награда: маска со реден број 607 „Феникс“, Мулен руж – Струмица, во висина од 1000 евра,
2-ра награда: маска со реден број 606 „Вечна игра“, СОУ „Димитар Влахов“, во висина од 900 евра,
3-та награда: маска со реден број 605 „Боите на Бојата“, СОУ „Јане Сандански“, во висина од 800 евра.
Поради високиот квалитет на маските во оваа категорија, Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, доделува две дополнителни награди од по 400 евра на следните маски:
Маска со реден број 608 „Зимска Бајка“, СОУ „Никола Карев“ Струмица и маска со реден број 601 „Пудлици“ ООУ „Гоце Делчев“ Василево.


Категорија Б Групна маска со 30 до 50 лица
1-ва награда: маска со реден број 507 „Момички со кломпички“, Звезден град – Струмица, во висина од 600 евра,
2-ра награда: маска со реден број 504 „Везилка“ Здружение Струма – Струмица, во висина од 500 евра
3-та награда: маска со реден број 505 „Во светот на бубалките’ , Студио модерен балет Газели, во висина од 400 евра.


Категорија В Групна маска со 20 до 30 лица

1-ва награда: маска со реден број 402 „Здивот на животот“, Ефтимови – Струмица, во висина од 500 евра,
2-ра награда: маска со реден број 404 „Големиот бал на малите барони“, ООУ „Сандо Масев“ Струмица, во висина од 400 евра,
3-та награда со реден број 403 „Бал на месечина“ ООУ „Никола Карев“ Пробиштип, во висина од 300 евра.


Категорија Г: Групна маска од 10 до 20 лица

1-ва награда: маска под реден број 302 „Окото на бескрајната љубов“, „Мулен руж“ Струмица, во висина од 400 евра,
2-ра награда: маска со реден број 301 „Пајакот тарантула“, Кико Стил, во висина од 300 евра,
3-та награда: маска со реден број 303 „Алиса во земјата на чудата“, Струмички Викинзи во висина од 200 евра.
Категорија Ѓ: Поединечна маска од 1 до 5 лица
1-ва награда: маска под реден број 103 „ Мис Ворлд“ – ЗЗГ Ратевски Бамбурци, во висина од 100 евра,
2-ра награда: маска под реден број 101 „Илузија“ – The best forever, во висина од 75 евра,
3-та награда: маска под реден број 104 „Струмички каранфил“, Ети-Декор, во висина од 50 евра.
Наградите ќе бидат доделени утре (вторник, 15 март), во 19:30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.