Почетна Струмица Њуз

ОО СДСМ Струмица: Ве повикуваме на заедничка граѓанската контрола и проверка на Избирачкиот список

Ќе бидеме на располагање секој ден од 11:00 часот до 19:00 часот, за да може граѓаните  да извршат проверка или да добијат било какви други информации во поглед на избирачкиот список. Ве повикуваме на оваа заедничка граѓанската контрола и проверка на Избирачкиот список, а заради утврдување, ажурирање и откривање на евентуалните неправилности во избирачкиот список, истакна денеска Портпаролот на ОО на СДСМ во Струмица, Коста Костадинов.

Ви го пренесуваме целиот интегрален текст од прес конференцијата:

Придружувајќи се на повикот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, и Општинската организација на СДСМ Струмица, се вклучува во нудењето помош на граѓаните, а со цел проверка на избирачкиот список.

Заради тоа во рамките на седиштето на Општинската организација на СДСМ во Струмица, почнувајки од понеделник, 14 март, па во наредниот период, се до заклучувањето на избирачкиот список, ќе се организира и воспостави дежурство за пружање правна помош на граѓаните за сите правни аспекти во поглед на избирачкиот список.

На тој начин сакаме да ги известиме граѓаните од општина Струмица, дека им се ставаме на располагање секој ден од 11:00 часот до 19:00 часот, за да може да извршат проверка или да добијат било какви други информации во поглед на избирачкиот список.

Исто така, ги известуваме граѓаните дека оваа активност можат да ја вршат и преку Подрачното одделение и канцеларија на Државната изборна комисија, која се наоѓа во зградата на општина Струмица, како и преку апликацијата објавена на веб страната на Државната изборна комисија, каде исто така може да се пријават сомнителни податоци во Избирачкиот список.

Почитувани граѓани,

Ве повикуваме на оваа заедничка граѓанската контрола и проверка на Избирачкиот список, а заради утврдување, ажурирање и откривање на евентуалните неправилности во избирачкиот список.

Вие како граѓани, имате право да ги пријавувате сомнителните случаи и да поднесувате барања за запишување, дополнување и бришење на податоци од Избирачкиот список, а ние сме тука, за таа цел да ви помогнеме.

А нашата цел е јасна, создавање услови за фер и демократски избори, а еден сегмент од тоа е прочистен избирачки список“ – изјави Коста Костадинов од СДСМ.