Почетна Вести

ДИК ќе расправа за пријавените нерегуларности во Избирачкиот список

Државната изборна комисија денеска во 16 часот ќе одржи јавна седница на која ќе ги разгледува примените известувања од граѓаните, а кои се однесуваат на сомнителни записи во електронскиот Избирачки список.

Граѓаните досега пријавиле дека на списокот се наоѓаат лица кои не се државјани на Република Македонија, кои не поседуваат важечка лична карта или патна исправа, не се полнолетни, кои се на привремена работа или престој во странство, со последно живеалиште на дадената адреса, кои живеат на друга адреса на територијата на Република Македонија, а претходно имало живеалиште на дадената адреса, не живеат на територијата на Република Македонија, потоа за лица кои не живеат на наведената адреса, а нема податок дали имаат живеалиште на територијата на Република Македонија, или за лица со одземена деловната способност, како и за починати лица.

Според неофицијални информации, до ДИК досега преку подрачните единици пристигнале над 2.000 пријави за недоследности.