Почетна Струмица Њуз

Андонов: Со победа над Скјерн ќе бидеме пред нов историски успех

Екипата на Зомимак – М во сабота ќе го одигра вториот натпревар од ЕХФ купот против Скјерн од Данска кои беа поразени во првиот натпревар од Спортинг од Лисабон. Марјан Андонов вели дека пред Струмичани е уште една историска шанса.

„Со добивање на тој натпревар  можеме да оствариме уште еден историски успех. Во третото коло ќе ни биде потребна победа во Лисабон како  и уште една победа на домашен терен,  што ќе значи сигурен пласман во во четвртфиналето на ЕХФ купот, рече Андонов.

За поразот на Скјерн од Спортинг Андонов вели дека оди во полза на Зомимак – М.

„Ова што се случи во Данска не ми е за верување, го немам гледано овој натпревар но дали Скејрн немаат амбици или е нешто друго во прашање,  нам ни одговара победата на Спортинг. Останува самите да си решаваме. Бараме  голема помош од публиката, имаме жежок терен, а тоа е и нашата предност, додаде Андонов.

За Александар Тренчовски натпреварот во сабота ќе биде тежок но и еден од најбитните.

„Ние досега имаме играно со данска екипа, нема да давам прогнози само знам дека ќе биде тешка и неизвесна утакмица и најпотребна ни е публиката. Тие се квалитетна екипа но и ние се подготвуваме за нив подолго време и ова ни е шансата да покажаме дека со Монпеље беше лош ден и дека сме квалитетни играчи, рече Тренчовски.

Во вториот натпраевар Зомимак – М ќе биде комплетен  и нема да имаат проблем со повредени играчи. Натпреварот е закажан за сабота со почеток во 17.30 часот во спортската сала „Парк“.