Почетна Инфоград

Честитка од градоначалникот Заев по повод 8 Март – Денот на жената

Денес е Ваш ден. Денес е ден за славење и почит, но и Ден за цврста решеност да се опстои во борбата за ваша целосна рамноправност во заедницата и општеството, пишува во честитката од градоначалникот Зоран Заев, по повод Меѓународниот ден на жената.

„Меѓународниот ден на жената – 8. Март е само потврда дека во минатото, храбри и достоинствени жени испишувале светли страници од историјата, борејќи се за своите права и за потполна рамноправност со мажите. Таа борба се уште трае,  па Вие, заедно со сите чинители во општеството треба да ја допишувате таа историја. Вие сте значаен дел од  општина Струмица и Република Македонија и како такви заслужувате да бидете почитувани, да добивате еднакви можности за себереализирање и за рамноправност во надградбата на нашата заедница и општество.

Затоа, славете го денешниов ден, но користете ги сите останати денови во годината за тие цели. Во таа смисла ја имате целосната моја поддршка и поддршката од Општина Струмица.

Нека ви е честит и вековит празникот, стои во честитката од градоначалникот Заев.