Почетна Инфоград

„Систем 48“: Во февруари решени 230 проблеми на граѓаните

До општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на  месец февруари биле доставени вкупно 213 пријави од граѓаните за проблеми од неколку области. Од нив решени се 203, а останатите 10 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.

Најголем број од доставените пријави се од областа на уличното осветлување 130, од областа на собирање смет 14, водовод и канализација 9 и 27 од паркови и зеленило.

Од „Систем 48“ им се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и апелираат за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може службите навремено да интервенираат и истите да ги решаваат во определениот рок од 48 часа.