Почетна Инфоград

Поради изведба на водоводни зафати прекинато е водоснабдувањето на улицата „Климент Охридски“

Поради изведба на водоводни зафати и денеска до 14 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на улицата „Климент Охридски“, односно на потегот од улицата „Ленинова“ до улицата „Гоце Делчев“.

Заради отстранување на дефект во водоводната мрежа, прекин во водоснабдувањето во истиот термин ќе има и на улицата „Киро Абрашев,“ на потегот од улицата „Елка Јанкова“ до улицата „Димитар Цветинов“.