Почетна Вести

Заев: Фер избори на 24 април не може и нема да има

Никола Груевски вчера побегна од објективната оценка да се соочи со вистината. Вистината е болна за Груевски, рече на денешната прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Според него, фер избори на 24 април не може и нема да има.

„Мора да има кристално чисти избори, потврдени од меѓународаната заедница, избори без фантомски гласачи и окупација на медиумите и на кои граѓаните слободно ќе одлучат на кого да го дадат својот глас“, порача Заев.

Тој повтори дека, доколку власта одлучи да има избори на 24 април, опозицијата нема немо да ги следи пред ТВ екраните.