Почетна Струмички маабет

Ограбен дневниот центар за лекување на зависници од наркотици

Дневниот центар за лекување на зависности од наркотици „Св. Елисавета“ во Струмица, синоќа бил провален, од засега непознати сторители.

Не се знае што е украдено и што било цел на крадците. Неофицијално, вработените кога дошле на работа приметиле дека Дневниот центар е провален, а насилниците влегле од страничната страна, при што ги пресекле мрежите на прозорите.

Екипа на СВР Струмица, изврши увид во Дневниот центар. Во Центарот над шеесет зависници од дрога секојдневно добиваат терапија од метадон.

Извор: Новамакедонија