Почетна Инфоград

Прекин на водоснабдувањето поради реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“

Во рамките на реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“ денеска се изведуваат водоводни активности на потегот од улицата „Ленинова“ до улицата „Гоце Делчев“.

Поради овој градежен зафат прекинато е водоснабдувањето на потрошувачитe. Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ информираа дека прекинот ќе трае до 14 часот.

Реконструкцијата на овој дел од водоводната мрежа во должина од 1.100 метри почна во декември минатата година, а чини 13,5 милиони денари обезбедени од буџетот на општина Струмица.