Почетна Инфоград

Советот на општина Струмица ја одржа 36-та седница

На денешната седница на Советот на општина Струмица денеска беа усвоени повеќе предлог – одлуки, решенија и информации од повеќе области. Општина Струмица овозможи и оваа седница да биде пренесувана на знаковен јазик за глуви и наглуви лица.

На денешната седница, советниците го усвоија предлог – одлуката за донесување на измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 14 – општина Струмица за плански период 2015 – 2020, предлог – одлука за утврдување режим на сообраќај со обележување на паркинг простор за зонско паркирање на КП бр.1728/1 КО Струмица, предлог – одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежното земјиште за изградба на спортско игралиште во селото Костурино, предлог – одлука за отпочнување на постапка за донесување на Локален акционен план за животна средина 2016 – 2022 година, предлог – одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на определено време на 18 даватели на јавни услуги во ЈОУДГ „Детска Радост” Струмица, предлог – одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на определено време на 110 даватели на јавни услуги во ЈПКД „Комуналец” Струмица, предлог – одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на определено време на 24 даватели на јавни услуги во ЈПКД „Комуналец” Струмица.

Советниците дадоа зелено светло и на предлог – методологијата за доделување на финансиска поддршка на програми на задруженија и фондации од буџетот на општина Струмица, за доделување на финансиска поддршка на проекти на здруженија и фондации од буџетот на општина Струмица, како и за утврдување на критериумите за распределба на финансиски средства до спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот од општина Струмица и предлог – методологијата за утврдување на критериумите за распределба на финансиски средства за тренери во спортските клубови на подрачјето на општина Струмица.

На советниците им беше презентирана и информацијата за истражувањето за успехот на учениците во основните општински училишта на подрачјето на општина Струмица во учебната 2014/2015 година, а беа усвоени и предлог – решенијата за разрешување и именување на членови во Управниот одбор и Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“.

На 36-та седница беше усвоен и предлогот за измена на програмата за изработка на урбанистички планови на општина Струмица за 2016 година за детска градинка во населеното место Просениково. Беа донесени и 8 одлуки за одобрување на легализација на бесправно изградени објекти, со што на граѓаните им се овозможи да ја продолжат постапката за легализација пред надлежните институции.