Почетна Струмица Њуз

Што ќе понуди струмичкиот карневал?

Организациониот одбор на струмичкиот карневал и годинава понуди богата програма за сите генерации. Карневалските денови ќе започнат на 9 март со детскиот маскенбал, а ќе завршат на 16 март со обичаите карактеристични за празникот Тримери.

Главната интернационална карневалска вечер ќе се одржи на 12 март, а пријавувањето за учество во главната карневалска поворка е во тек и ќе трае до 4 март. Повеќе информации може да се добијат на официјалната веб страница на карневалот.