Почетна Струмица Њуз

ОО СДСМ Струмица: Погрешните „дил-ориентед“ политики на Никола Груевски причина за иселувањето од Македонија

По направената анкета на на невладините организации, дел од Платформата „Граѓанска демократија“, којашто се однесува на масовното иселување на младите од Македонија, објавените резултати се  поразителни, рече Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица, на денешната прес конференција.

Според резултатите, 79% од младите би сакале да се иселат од Македонија, а дури 82,4% од испитаници се изјасниле дека егзистенцијата е главната причина за масовното иселување на младите.

„Оваа анкета само го потврдува она што младите во Македонија многу добро го знаат. Промашените економски политики на власта во заминување, невработеноста, сиромаштијата и криминалното владеење во изминатите 10 години го предизвикаа најболниот егзодус на младата популација, рече Костадинов.

Тој додаде дека сето тоа е потврдено и во меѓународните извештаи. Поради погрешните „дил-ориентед“ политики на Никола Груевски 626.312 граѓани си заминале од Македонија, пред се млади, образовани луѓе, според Светска банка.

Костадинов потенцираше дека Македонија како резултат на владеењето на поранешниот премиер Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, стана редок негативен пример во светот.

„Но, заврши времето на Никола Груевски, а завршува и времето на ВМРО-ДПМНЕ.  Младите знаат, СДСМ има знаење, има решенија во Програмата за проблемите на младите. Помагање на приватниот сектор за вработување на младите, поттикнување со самовработување, поддршка на бизнис инкубатори за нови работни места за младите, се само дел од решенијата што ќе ги спроведе новата влада на СДСМ, додаде Костадинов.

Тој истакна дека СДСМ ќе ги задржи младите овде во Македонија, да работат и да ја градат својата иднина дома.