Почетна Вести

Затворени граничните премини кон Грција

Денеска  во целосен прекин ќе биде сообраќајот на граничниот премин Меџитлија, поради штрајк на грчките земјоделци.

Според известувањето добиено од МВР, во периодот од 11 до 13 часот, и од 18 до 20 часот поради штрајк на грчките земјоделци, со поставување на земјоделски машини и трактори во близина на Граничен премин „Меџитлија – Ники“- Република Грција, сообраќајот ќе биде во целосен прекин при влез и излез од Република Грција.

Грчките земјоделци и минатата недела неколкупати го затвораа граничниот премин со Македонија.