Почетна Вести

Грчките земјоделци ќе ги интензивираат блокадите на граничните премини

Наместо досегашните блокади од 2 пати по 2 часа, сега ќе започнат со 6 часовни блокади на улиците, пристаништата и граничните премини, јави дописникот на Канал5.

И едните и другите одбивале секаква средба со грчкиот премиер се додека не го повлече новиот закон за здравствено и пензиско осигурување.

Денеска од 11 до 13 часот беа блокирани граничните премини со Македонија, Бугарија и Албанија. Според соопштението на Автомотосојузот на Македонија на граничниот премин Меџитлија од 18 до 20 часот сообраќајот ќе биде во целосен преќин за влез и излез од Грција.