Почетна Струмица Њуз

Започна продажбата на билетите за натпреварот Зомимак-М – Скјерн

Денеска од 12 часот стартува продажбата на влезниците за натпреварот Зомимак-М – Скјерн, кој ќе се одржи на 15.02.2014 год. (Сабота) во 17.30 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица.

Влезници се продаваат во: ПР Кафе, обложувалница „Спорт Лајф“ – ТЦ Глобал, Ангел Тобака и канцеларијата на РК Зомимак-М во ТЦ Глобал 2 кат. Цената на влезницата изнесува 150 денари.

Поради усогласување со телевизиската програма на МРТ за директен пренос, натпреварот ќе започне во 17.30 часот.