Почетна УраКултура

Главната интернационална вечер на струмичкиот карневал ќе се одржи на 12 март

Годинашното издание на струмичкиот карневал ќе се одржи од 9 до 16 март. Традиционално оваа најголема манифестација ќе започне со маскенбалот на кој се избираат принцот и принцезата, а завршува со празникот Тримери.

Главната интернационална вечер ќе се одржи на 12 март, а ќе започне во 18,30 часот. Со цел да го унапреди струмичкиот карневал, Организациониот одбор донесе одлука да изврши одредени измени во Правилникот за организација на карневалот, а врз основа на предлозите од директните учесници на истиот. Според Одлуката донесена на седницата на Организациониот одбор, измените и дополнувањата се однесуваат во делот на наградите и тоа:

-Категорија А (групна маска над 50 лица) 1.000 евра, 900 евра и 800 евра

-Категорија Б (групна маска од 30-50лица) 600 евра, 500 евра и 400 евра

-Категорија В (групна маска од 20-30лица) 500 евра, 400 евра и 300 евра

-Категорија Г(групна маска од 10-20лица) 400 евра, 300 евра и 200 евра

-Категорија Д (групна маска од 5-10лица) 150 евра, 100 евра и 75 евра

-Категорија Ѓ(поединечна маска од 1-5лица) 100 евра, 75 евра и 50 евра

Вкупниот награден фонд ќе изнесува 6.850 евра во нето износ, односно околу 419.220 во денарска противвредност.

Организациониот одбор ќе додели една награда во износ од 9.000 денари на конкурс за карикатура и една награда за најдобра фотографија од 6.000 денари.