Почетна Инфоград

Во 2015 година решени 1.630 проблеми на граѓаните преку „Систем 48“

Минатата година биле решени вкупно 1.630 проблеми на граѓаните преку општинскиот сервис „Систем 48“ од вкупно доставените 1.762 пријави. Останатите 132 пријави се во процес на решавање затоа што станува збор за пријави кои имаат инвестиционен карактер и за чија реализација е потребно подолго време од 48 часа. 

Најголем број од пријавите во текот на 2015 година, односно, 1.168 се за улично осветлување, 166 се од областа на собирање смет, 184 од областа на водовод и канализација, 47 од делокругот на општинските инспекциски служби и останатите пријави се од други области. Од „Систем 48“ им се заблагодаруваат на граѓаните на општина Струмица за довербата која што ја имаат кон овој општински сервис. Со цел продолжување на успешната соработка и во оваа 2016 година, од сервисот апелираат до граѓаните на општина Струмица за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може во определениот рок да се интервенира по доставените пријави.Овој информациски, интерактивен систем на јавно достапните услуги на општина Струмица функционира од 2011 година, а неговата основна задача е транспарентно работење и решавање на проблемите на граѓаните во рок од 48 часа.