Почетна Струмица Њуз

Верниците го слават Богојавление – Водици

Православните верници во Македонија денеска слават еден од најголемите христијански празници Богојавление Христово, празник кога според верувањата во водите на реката Јордан бил крстен Исус Христос.

Според верувањата на верниците на овој ден сите води во земјата се свети и затоа полнат вода за која сметаат дека лековита и благословена.

Ваквата традиција почнала многу одамна, уште од времето на патријархот, кој кога во Константинопол, односно Истанбул, ги осветувал водите на Босфор, го спуштал крстот со јаже или конец, за да ги освети водите, а потоа си го повлекувал назад. Верниците му предложиле на патријархот, наместо тој да го враќа назад крстот со јажето, тие да му го даваат светиот крст од водата и на тој начин да испросат благослов.

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, денеска (19-ти јануари), откако ќе биде осветена водата во базенот „Аквариус“ во Струмица, во 11:30 часот, ќе биде фрлен Светиот крст, во чест на одбележувањето на празникот.

Свештените лица со фрлање крст ќе ги осветуваат водите и во другите градови во земјата.