Почетна Вести

Премиерот Груевски утре ќе си даде оставката, но таа ќе важи 100 дена пред изборите

Во вечерашното обраќање до јавноста, премиерот Никола Груевски соопшти дека утре до претседателот на Собранието ќе достави писмо со негова оставка, но истата ќе има важност на 100 дена пред изборите.

„Ние се држиме до Договорот од Пржино за излез од кризата, а дел од тој договор е и повлекувањето на премиерот на 100 дена пред изборите“, рече Груевски.

Според Договорот од Пржино, рокот да замине од функцијата истекува утре. Груевски рече дека тие ги испочитувале сите обврски од договорот, но според него СДСМ со нивните изјави фрлале сенка врз договорот, за да се држела земјата во криза и конфликтност и да се оспорело правото на народот да се изјасни кој сака да ја води државата.