Почетна Инфоград

Во декември решени 151 проблем преку „Систем 48“

Вкупно 173 пријави од граѓаните биле доставени до општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец декември минатата година. Од нив решени се 151 пријава, а останатите 22 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 100, од областа на собирање смет 10, водовод и канализација 18, а останатите се од други области.

Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните на општина Струмица за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може во определениот рок да се интервенира по доставените пријави, а истовремено им се заблагодаруваат за користењето на услугите на овој општински сервис.