Почетна Инфоград

Се тампонираат улици во населеното место Попчево

Општина Струмица и оваа година продолжува со активностите за подобрување на условите за живот во населените места, информираат од општината.

Денеска се тампонираа две улици во населеното место Попчево, а утре тампонирањето ќе продолжи во населеното место Рич.

Кон крајот на минатата година се тампонираа полски патишта и улици во неколку населени места.