Почетна Вести

ВОНРЕДНО: Бугарското МНР ја стопира процедурата за издавање пасоши, ќе добиваат само Македонците кои не чувствуваат љубовна празнина

Ваквата одлука стапила на сила откако првите луѓе на Министерството за надворешни работи во Бугарија ја слушнале изјавата на професорката Каракамишева, која вооедно ги критикувала за лесниот начин на издавање пасоши, а со тоа и нанеле огромна штета на Македонија.

До вчера немаше никаков одговор од страна на нашиот сосед, но доцна синоќа по интервјуто на уредникот на Канал 5, Богатинова, со лидерот на опозицијата Зоран Заев, свикана е вонредна седница. На седницата властите во Бугарија одлучиле да го стопираат процесот на издавање на пасоши за Македонците, се до моментот кога младите ќе дојдат до повисок степен на духовна исполнетост.

Побаравме одговор од бугарското МНР до кога ќе важи ваквата одлука. Од таму кратко ни одговорија дека ќе почекаат да поминат празниците што се слават во Македонија до крајот на месецот, со цел да се утврди дека не постои толку голема љубовна празнина во домот како на денот кога се празнуваше Божиќ.