Почетна Вести

(ВИДЕО) Заев на Канал 5: За три дена, десет пати го дадовте обраќањето на Груевски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за вестите на Канал 5 го повтори ставот дека телевизијата се однесува како поголем политички непријател отоколку нивниот конкурент ВМРО-ДПМНЕ.

-Уште еднаш ќе констатирам, се однесувата како медиум, како поголем политички непријател од нашиот политички непријател, ВМРО-ДПМНЕ. Од 31 декември до 3 јануари го давата Никола Груевски вкупно десет пати. “ На 31 декември и 1 јануари по два пати, на 2 ри и 3 ти по три пати, рече Заев.

-Станува збoр за премиер,реагираше водителката и уредник на вестите, Лидија Богатинова.

Таа истакна дека се надева оти изборите ќе бидат на 24 април и го праша Заев што ќе понуди СДСМ од програмата?

-Конгресот на СДСМ ја усвои програмата, цел пакет на мерки, генерално да ја вратиме власта на граѓаните и тие да ја контролираат идната влада. Буџетскaта транспарентност е најбитна, ќе се дебатира за проектите и така ќе се создава буџетот. Укинување на драконските казни, укинувањето на законите за извршителите, 100 милиони поддршка на бизнис сектрот, слободни медиуми во Македонија, каде секој слободно ќе може да зборува, рече Заев.