Почина бремената жена во сообраќајката кај Дабиље

Синоќа на Клиничкиот центар во Скопје почина 29-годишната бремена жена од сообраќајката која се случи во неделата околу 21 часот на патот Струмица – Дабиле.
Нејзината 6-годишна ќерка, која беше исто така повредена во сообраќајката и префрлена на клиниките во Скопје, е во стабилна состојба и надвор од животна опасност.
Мајката и девојчето биле сопатнички во автомобил „Фиат Типо“, а со нив имало уште едно лице кое го управувало возилото, кој помина со лесни повреди, додека во другиот автомобил „Опел Астра“ се наоѓале две момчиња и поминаа со лесни повреди.
Извор: СтрумицаНет