Почетна Струмица Њуз

Деца од неколку населени места ја посетија противпожарната единица

Група деца од Моноспитово, Муртино, Градашорци и Струмица организирана од Евангелската црква ја посетија Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица. Децата на лице место имаа можност да се запознаат со работата на единицата, опремата која ја поседува и нејзината подготвеност за превентивно делување при пожари, земјотреси и други елементарни непогоди.

Со оваа посета, Територијалната професионална противпожарна единица потврдува дека е отворена за соработка со училиштата и за презентации во рамките на предметите кои што ги изучуваат учениците.