Почетна Вести

Протест на автошколите – казни до 4.000 евра ако не постават камери

Со своите возила автошколите од цела Македонија се паркираа пред Владата и го блокираа сообраќајот. Овој нивни протест е поради укинување на законската одедба со која се воведе снимање на канидатите за време на обуката за возење. Според нив , со снимањето се нарушува приватноста, а автошколите се изложени на дополнителен трошок за обезбедување на опрема за снимање.

Според најновите законски измени, авто школите се должни за време на оспособувањето на кандидатот за возач да имаат вклучено камера во просторијата за теоретска настава, како и во возилото за обука и тоа на 30 сантиметри оддалеченост од инструкторот и кандидатот за возач.

Исто така се обрвзани и снимените материјали да ги архивираат, а доколку се случи камерите да не функционираат во моментот додека се одвива обуката, тие ќе бидат задолжени да го повторат наставниот час.

Во спротивно глобите ќе  достигнуваат и до 4 000 евра. Тие најавија дека ќе го блокираат булеварот пред владата секој ден во 12 часот, се додека не бидат исполнети нивните барања. Претставниците на авто школите досега оствариле средба со претставници од Министерството за внатрешни работи, но не наишле на компромис.