Почетна Вести

Нови поевтини цени на горивата

Нафтените деривати од ноќеска ќе се точат по нови намалени цени. Бензинот поефтинува за пола, а дизелот за еден денар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе се продава за 61 денар а литар ЕУРОСУПЕР БС-98, за 63 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ-от ќе се точи по цена од 42,5 денари по литар, додека цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,645 денари за килограм и ќе изнесува 15,324 денари.

На светските берзи пак во првата недела на новата година цените на акциите остро паднаа, што е последица на слабоста на кинеската економија и тамошните пазари и падот на цената на нафтата на најниско ниво во повеќе од 10 години.