Почетна Струмица Њуз

Мајка и ќерка тешко повредени во сообраќајакта на патот Струмица-Дабиље

Бремена жена (29) со својата 10-годишна ќерка со тешки повреди се пренесени на клиниката во Скопје, по синоќешната тешка сообраќајна несреќа што се случи околу 21 часот на патот Струмица – Дабиле, пишува СтрумицаНет.

Уште три лица биле повредени во оваа сообраќајка помеѓу две патнички возила, но тие се надвор од животна опасност и се на Хируршкото одделение во Струмичката болница.

Се очекува денеска и официјална информација од СВР Струмица за синоќешната сообраќајка.