Почетна Вести

Почина Дејвид Боуви

По 18-месечна со ракот музичката легенда Дејвид Боуви почина на 69 годишна возраст. Боуви починал спокојно во кругот на неговото семејство. Влијателниот пејач и продуцент остави печат во рокот, соул музиката, хард рок, поп, панк и електронската музика во текот на неговата четиридецениска кариера.

Штотуку го издаде неговиот 25. Албум, Блекстар, кој излезе на 8 јануари, денот на неговиот роденден. Во светот на музиката ќе останат неговите хитови: Let’s dance, China girl, Bring Me the Head of the Disco King, I’m Afraid of Americans, Starman, Ashes to Ashes, The Man Who Sold the World, Under Pressure, Young Americans, Space Oddity, Life on Mars и уште многу други.