Почетна Вести

Од утре нови цени на горивата

Доколку нема некои посериозни поместувања на цените на нафтата и курсот на денарот во однос на доларот може да се очекува ново поевтинување во наредната корекција на цените која треба да се случи утре. Можно е да дизелот поевтини за околу 3 денари по литар, а цената на бензинот да стане пониска меѓу еден и два денари.

Минатиот понеделник регулаторот ја спушти цената на бензините за еден денар по литар. Во моментов на бензинските пумпи низ Македонија литар ЕУРОСУПЕР од 95 октани се точи за 61,5 денари по литар а 98 октанскиот бензин чини 63,5 денари за еден литар.

Дизел горивото поевтини за 3 денари по литар во малопродажба и сега ЕУРОДИЗЕЛ-от се продава по 43,5 денари за еден литар.