Почетна Вести

Паднала од десетти кат и не скршила ниту една коска

Триесет и шестгодишна жена од Лублин, Полска преживеала пад од десетти кат, а притоа не скршила ниту една коска, јавуваат тамошните медиуми.

Жената во свесна состојба е префрлена во болница, каде е утврдено дека нема скршеници и дека поминала само со лесни повреди.

Засега не се знае како паднала од десетти кат, а минувачите кои виделе како паѓа веднаш повикале итна помош.

При падот таа се закачила на сушало за облека, што го успорило падот, а потоа паднала на грмушки пред зградата, што го амортизирало ударот, соопшти локалната полиција.

Полицијата при влез во станот не затекнала никого.