Почетна Инфоград

Советот на општина Струмица усвои повеќе програми, одлуки и решенија во интерес на граѓаните

Советот на општина Струмица вчера ја одржа 34-та и последна седница во оваа 2015 година. Покрај усвојувањето на буџетот за 2016 година, советниците ги усвоија и предлог програмите за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Струмица за 2016 година, за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици, за одржување на јавното осветлување, за изработка на урбанистички планови, за одржување на јавната чистота во 2016 година, за одржување на јавно зеленило, за активностите на општина Струмица од областа на културата, спорт и млади, за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот, за областа на социјалната и детската заштита, за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности, за работа со облиците на месна самоуправа, за активностите на општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи и предлог-програмата на општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2016 година.

На седницата беа усвоени и предлог – одлуките за долгорочно задолжување на Општината, за Акцискиот план за комуникации со јавноста, за изработка и имплементација на проект „SMART управување со ресурси за одржлив развој во прекуграничниот регион“, за изработка и имплементација на проект „Подобрување на условите за превенција од пожари во прекуграничниот регион на општина Струмица – Република Македонија и пштина Сатовча” – Република Бугарија, за изработка и имплементација на проект „Еко – градинки за одржлива иднина”, за изработка и имплементација на проект „Безбеден прекуграничен регион Благоевград – Струмица – подобрување на подготвеноста на локалните власти за справување со природни непогоди”, за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица, за утврдување на приоритетен проект за изработка на Регионален план со десет општински планови за интегрирано управување со отпад во Југоисточниот плански регион и предлог – одлука за измена на одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица.

Зелено светло добија и програмите за работа на јавните претпријатија за 2016 година, на библиотеката, на домот за деца и млади, извештајот и програмата за реализација на струмичкиот карневал, предлог – одлуките за утврдување на критериумите за распределба на блок дотациите за основното и средното образование за 2016 година и повеќе предлог одлуки од областа на урбанизмот.

На 34-та седница Томе Весов беше избран за нов командир на полициската станица од општа надлежност – Струмица.