Почетна Вести

Зоран Јолевски на местото на Груевски?

Неофицијално, според медиумите за местото технички премиер после оставката на Никола Груевски, со најголеми шанси е актуелниот министер за одбрана Зоран Јолевски.

Деновиве покрај неговото име фигурираат уште неколку од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. По најавата на Груевски дека ќе го испочитуваат договорот, а со тоа ќе биде формирана техничка влада до 15 јануари, останува да се види кој ќе го замени. Тоа што е сигурно, е дека привремениот технички премиер, ќе биде личност од доверба на Груевски.

Со помали шанси од Јолевски неофицијално имаат и актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски, како и вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими.

Во јавноста пК  се шпекулира и со имињата на министерот за финансии, Зоран Ставрески, пратеникот Антонио Милошоски, а и министерот за здравство, Никола Тодоров. Нема да биде изненадување, ако и ни едно од овие имиња нема да биде предлогот на ВМРО ДПМНЕ за технички премиер.

Кој и да биде избран нема да биде никаквo изненадување.