Почетна Вести

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Грција.

Според Европскиот сеизмолошки центар земјотресот е регистриран во 12.10 часот по македонско време, 19 километри источно од островот Карпатос и на 131 километри југозападно од Родос.

Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.