Почетна Шаренило

Приказна која треба да се шири: Познатиот пејач спасува 600 милиони Африканци!

Ејкон можеби го знаете како пејач, но тој знае како да ја искористи својата слава и да и врати нешто на заедницата од која потекнува.

Го покрена проектот „Akon Lighting Africa“, чија што цел е да донесе неверојатно подобрување на животните услови на 600 милиони Африканци во руралните и сиромашни места, преку воведување на соларна енергија и струја. Вчера, на 15-ти декември, со седиште во Мали стартуваше Соларната академија Солектра.

Се поставуваат столбови за осветлување покрај патишта, игралишта, во болници, училишта, домаќинствата добиваат соларни панели, од обично светло за учење до бесплатно полнење на мобилните телефони. Замислете како е да морате да одите околу еден час до некој агрегат на дизел за да го наполните мобилниот телефон?

Електричната енергија нема да овозможи само осветлување – создадени се многу нови работни места. Градежните работници по цел ден поставуваат бандери, електричарите поставуваат инсталации по домовите, луѓе по цел ден им носат храна, децата можат да се играат без страв, криминалот опаѓа затоа што не пешачите километри до домот во тотален мрак, децата учат и ноќе, жените не готват на свеќи, докторите ги прегледуваат пациентите без светилка во едната рака, штандовите покрај улиците и дуќаните работат и ноќе, домаќинствата и училиштата имаат телевизори и компјутери, а со тоа и подобра шанса луѓето да постигнат нешто во животот, па дополнително да ја унапредуваат својата заедница.

Вака се спасува светот и вака се хранат гладните! Не со купување риба на секој гладен човек на светот, туку со учење како да ја улови, да му дадеш трска и потоа самиот ќе се снајде. Секоја чест! Проширете ја приказната понатаму!