Почетна Инфоград

НОВУС спроведе работилница за Програмата Еразмус+

Во рамките на проект „Запознај ја европската унија – размислувај европски“ којшто е поддржан од општина Струмица, здружението НОВУС го организираше последниот наста, т.е. работилницата „Запознавање со Еразмус+ програмата“и со тоа го заокружуи циклусот на проектни активности кои се однесуваат на приближување на европските политики и вредности кон граѓаните на општина Струмица

„Целта на денешната работилница беше присутните учесници да се запознаат со програмата „Еразмус плус“ со која се обезбедува шанса да студираат или да се обучуваат во странство со нејзин грант. Програмата се базира на премисата дека инвестирањето во образованието и обуката е клуч за човечкиот потенцијал, без оглед на возраста или на образовното ниво.

Сметавме дека е потребно да се направи каква работилница, бидејќи нивото на информираност, пред се на младата популација, беше на ниско ниво и сметаме дека со овој настан денес успеавме да ги запознаеме учесниците со можностите и бенефициите што ги нуди Еразмус+ програмата“, изјави Глигор Ризов од здружението НОВУС.

Тој истакна дека во склоп на овој проект ќе биде изготвена и студија, базирана на истражувања, анкети и интервјуа и истата ќе биде презентирана пред јавноста до крајот на тековната година.

„Воедно, ние ќе продолжиме да промовираме европски вредности и остануваме на ставот дека е потребен поголем ангажман од цивилниот сектор и институциите да се работи на промовирање на ЕУ политиките од локално ниво и истите да се шират на ниво на цела држава. Така во целост ќе имаме држава, но и граѓани подготвени да ги споделуваат европските вредности“, рече Ризов.