Почетна Животинки

Куче се запознава со штотуку родено маче (Видео)

Моли добила важна животна улога: нејзе и е доверено на чување едно штотуку родено маче, кое сопственикот на Моли го спасило од улица.

Бидејќи одлучил на малото суштество да му ја отвори вратата од својот дом, тој го снимил моментот кога новиот член на семејството го запознал со својата „постара сестра“, која во иднина ќе го чува.

Реакцијата на возбуденост и љубопитност на кучето ќе ви предизвика насмевка, а нежноста со која се однесува кон малото маче ќе ви ја стопли душата.