Почетна Вести

Изложба со примери од јавни набавки во Босна и Херцеговина

Имате ли дома пепелник вреден 750 евра или канта од 800 евра? Дали вашиот ручек чини над 100 евра? Како „НЕ“ кога веќе сте платиле толку во нетранспарентен процес на јавни набавки, пишува „Аkta.ba“, осврнувајќи се на патувачката изложба „Ние ја плаќаме цената: изложба на шокантни јавни набавки во БиХ“.

Патувачката изложба десет дена останува во Сараево, а со неа се презентира како со корупција и мито се дуваат цените платени со парите од граѓаните во Босна и Херцеговина.

По Сараево , изложбата се сели во Бања Лука, Мостар и Тузла, но и накај Добој , Бихаќ, Зеница, при што е направен избор од шокантни примери од јавните набавки во земјата.

Вo знак на поддршка на локалните организации кои се борат против корупција, започнува и кампањата , поддржана од УСАИД, а насловена „Ние ја плаќаме цената“.

Според истражувањата, лани само 25 отсто од јавните набавки во БиХ се спроведени во транспарентен и отворен процес, односно 75 отсто се договарани зад затворени врати.