Почетна Струмица Њуз

Орцев: Кажи Василе конечно дали имаш семеен бизнис во Бугарија

Пратеникот Васил Пишев веќе подолго време покажува знаци на нервоза и растревоженост  со тоа што не сака да го прифати поразот од локалните избори кои се одржаа пред една година, рече денеска пратеникот од СДСМ, Панче Орцев, по вчерашната изјава на Васил Пишев за судската пресуда.

Орцев истакна дека ниту потпишал, ниту дал изјава дека лаже и го повика повторно неговиот колега од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да каже пред граѓаните што и каде поседува како имот.

„Василе, охрабри се и кажи им на граѓаните конечно, дали имаш семеен бизнис во Република Бугарија, дали имаш личен документ кој што е издаден од овластена институција од Бугарија, дали ја знаеш адресата квартал „Еленова“ бр 1 стан 6 апартмант  23 во Благоевград? Ако ги знаеш овие одговори кажи, ако немаш семеен бизнис – исто така кажи. Ако имаш нешто таму ќе те потсетам на една изрека на твојот лидер Груевски: Вистината е како шило и секако ќе излезе на виделина“, рече Орцев.

Тој додаде дека се што има е во Струмица, за разлика од Пишев и дека за политичарите одлучуваат граѓаните  на избори.